Обединетите нации соопштија дека треба да се истражат снимките на кои се гледа како израелски војници убиваат двајца палестински цивили и ги закопуваат нивните тела во песок.
– Повеќе нема безбедно место за цивили во Појасот Газа. Секако не можеме да ја потврдиме снимката, но тоа е шокантен настан, изјави портпаролот на ОН, Стефан Дужарик.
Тој додаде дека случајот мора целосно да се истражи.
На видеото објавено на Ал Џезира се гледа како израелски војници отвораат оган и убиваат двајца Палестинци кои се обидувале да се вратат дома во северниот дел на Појасот Газа.
Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври загинаа 32.552 Палестинци, меѓу кои најмалку 14.280 деца и 9.340 жени, а повредени се 74.980 луѓе.