Во Пекинг за време на викендот се измерени најниските температури во декември од почетокот на мерењата во 1951 година, објавија локалните медиуми.
Градот имаше девет последователни денови на температури под минус 10 степени Целзиусови додека студен бран ја зафати северна и централна Кина, со снежни бури и рекордно ниски температури.
Ниските температури и снежното невреме ги затворија училиштата и автопатите во северна и централна Кина овој месец.
Температурите на 78 метеоролошки станици низ земјата достигнаа рекордно ниско ниво во декември, додека просечните температури овој месец во северните и некои централни делови на Кина достигнаа рекордно ниско ниво последен пат забележано во 1961 година, според Националниот метеоролошки центар. (МИА)