Свет Шестмина се уапсени

Во напад на претседателската палата во Чад загинаа 19 лица

Во интервју за државната телевизија, Куламалах ја пофали будноста на стражарите од палатата, опишувајќи ги напаѓачите како неорганизирани и „под влијание на алкохол и дрога“.

Во напад на претседателската палата во Чад загинаа 19 лица

Во напад на претседателската палата во Чад загинаа 18 напаѓачи, а шестмина се уапсени. Еден војник загина, додека тројца беа ранети, јавуваат локалните медиуми.

Нападот се случил синоќа, додека претседателот на Чад, Махамат Идриз Деби, се наоѓал во палатата. Сепак, властите изјавија дека ситуацијата брзо е ставена под контрола.

„Ситуацијата е целосно под контрола. Нема место за страв“, изјави министерот за надворешни работи Абдерахман Куламалах, кој беше опкружен со војници за време на пренос во живо на Фејсбук.

Во интервју за државната телевизија, Куламалах ја пофали будноста на стражарите од палатата, опишувајќи ги напаѓачите како неорганизирани и „под влијание на алкохол и дрога“.

На прашањето дали нападот бил терористички, тој рече дека веројатно не е, бидејќи напаѓачите биле локални млади од главниот град Нџамена.

Нападот се случи истиот ден кога градот го посети кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, кој му честиташе на Деби за повторното воспоставување на уставниот поредок.

Веднаш по нападот, на интернет се појавија гласини дека станува збор за акција на исламистичката милитантна група Боко Харам, која од 2009 година започна бунт во Нигерија, а потоа се прошири и во соседните земји Камерун, Нигер и Чад.

Чад, држава со 18 милиони жители, неодамна ги надмина политичките превирања предизвикани од контроверзните претседателски избори, на кои победи Итно. Тој ја водеше земјата како привремен претседател по смртта на својот татко во 2021 година. (МИА)

To top