Свет во овој регион има ретки и загрозени птици

Во Казахстан од птичји грип угинале 700 лебеди

Околу 700 угинати лебеди се откриени во природен резерват во Казахстан, каде има и ретки и загрозени видови, соопштија денеска локалните власти.

Во Казахстан од птичји грип угинале 700 лебеди

– Од 21 декември до 8 јануари, вкупно 675 мртви лебеди беа откриени на езерото Каракол, природен резерват во близина на Каспиското Море во западен Казахстан, соопшти Министерството за животна средина.

Лебедите угинале од птичји грип и испратени се експерти да се обидат да помогнат, а секој ден се пронаоѓаат десетици мртви птици.

Во минатото, еколошките активисти постојано изразуваа загриженост за еколошките проблеми во таа област во западен Казахстан, вклучувајќи го и загадувањето на воздухот и водата, како и опустинувањето.

Најнови вести од Свет

To top