Како што е наведено, во последниот бран израелски напади врз градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, загинаа 16 Палестинци, меѓу кои една бремена жена и шест деца.
Израелските сили убиле 14 лица за време на рацијата на бегалскиот камп Нур Шамс на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство, додека израелските доселеници убиле возач на Итна помош кој се обидувал да стигне до Палестинците повредени во насилството јужно од градот Наблус, наведува Ал Џезира.