Свет Ерусалим пост

Во Каиро е постигнато приближување на ставовите

Палестинското движење Хамас предлогот ќе го добие утре.

Во Каиро е постигнато приближување на ставовите

Израелската делегација, предводена од шефовите на Мосад, Дејвид Барнеа и на Шин Бет Ронен Бар, се врати од Каиро по доставувањето на обновениот предлог за присуство на израелските воени единици во коридорот Филаделфија и од палестинската страна на граничниот премин Рафа помеѓу Египет и Појасот Газа, објави „Ерусалим пост“.

Палестинското движење Хамас предлогот ќе го добие утре.

Според неименувани извори, преговорите во Каиро биле продуктивни и е постигнато приближување на ставовите. Тие изразија надеж дека на претстојните разговори в недела ќе биде постигнат напредок.

Барањето на Израел да остане ограничен број војници на палестинската страна на граничниот премин Рафа и во граничната област Газа – Египет, позната како коридор Филаделфија, е меѓу клучните спорни прашања во разговорите за постигнување примирје со Хамас. (МИА)

To top