Тројца монаси од египетската коптска православна црква беа убиени вчера во напад на манастир во „Св. апостол Марко и свети Самуил Исповедник“ во Јужна Африка.
Коптската православна црква, со седиште во Египет, соопшти дека тројцата убиени монаси биле Египќани.
Полицијата соопшти дека ги истражува убиствата, а мотивот за нападот сè уште не е познат.
Според локалните медиуми, монасите биле усмртени со нож, а во нападот повредено е уште едно лице.
Коптската црква е една од најстарите христијански заедници во светот. Црквата беше цел на смртоносни напади на исламските бунтовници во Египет и на други места низ светот.