Министерството за здравство на палестинскиот Хамас денеска соопшти дека во израелските воени операции во Појасот Газа од почетокот на војната на 7 октомври загинале 23.210 лица.
Во последните 24 часа, според Министерството, загинале 126 лица.
Од почетокот на конфликтот во Појасот Газа се ранети 59.167 луѓе.
Најголем дел од жртвите се жени и деца, тврдат од Министерството. (МИА)