Свет Брзината на ветрот ќе достигне 100 км/ч

Во Фландрија прогласен „портокалово“ метео аларм за силен ветер

Белгискиот Кралскиот метеоролошки институт прогласи „портокалово“ ниво на опасност од силен ветер во поголемиот дел од регионот Фландрија, вклучително и во нејзиниот главен град Антверпен.

Според Институтот, се очекува попладнево регионот да го зафати силен ветер со брзина до 100 километри на час, кој во крајбрежните делови би можел да достигне и до 120 километри на час.

Предупредувањето следи откако минатата ноќ поголемиот дел од Белгија беше зафатен од силен дожд, поради што во земјата е прогласено и „жолто“ ниво на опасност од врнежи.

Поврзани теми

To top