Свет

Во делови од северна и централна Европа нивото на реките останува високо по обилните дождови

Во делови од северна и централна Европа нивото на реките останува високо по обилните дождови

Делови од северна и централна Европа денеска продолжија да се борат со последиците од обилните дождови што доведоа до евакуација на стотици луѓе на некои места претходно оваа недела.

Бариерата во близина на германскиот град Магдебург е отворена за првпат по повеќе од една деценија за да се намали притисокот на надојдената река Елба, која беше речиси четири метри над нормалното ниво во Дрезден, јави ДПА.

Во јужниот дел на германска покраина Турингија, на стотици жители на селото Виндехаузен, кои беа евакуирани претходно оваа недела, им беше дозволено да се вратат откако во селото повторно беше воспоставена електрична енергија.

Во соседна Холандија, реката Рајна денеска претпладне го достигна врвот на водостојот во селото Лобит во близина на границата со Германија, но се очекува нивото на водата значително да се намали во текот на следната недела, соопштија локалните власти.

Останатите притоки на Рајна се очекува да го достигнат највисокото ниво на водата денеска додека плимниот бран се движи кон морето.

Вработените во итната помош во холандскиот град Девентер, за кој се предвидува дека ќе биде најтешко погоден, поставија вреќи со песок покрај реката Ајсел и ги затворија патиштата за да се подготват за поплави.

Во Унгарија Дунав се излеа во Будимпешта, а се очекува денеска во главниот град на земјата плимниот бран да го достигне својот врв.

Најнови вести од Свет

To top