Свет Превезувал 30 патници

Во бродолом во Судан загинаа најмалку 21 лице

Спасувачката мисија сè уште трае и се претпоставува дека бројот на жртвите би можел да биде поголем.

Во бродолом во Судан загинаа најмалку 21 лице

Најмалку 21 човек загинаа во бродолом во северниот дел на Судан. Бродот, што сообраќал по Нил и превезувал 30 патници, синоќа потона поради високите бранови.

Спасувачката мисија сè уште трае и се претпоставува дека бројот на жртвите би можел да биде поголем.

Бродоломот го преживеаја шест луѓе.

Бродските несреќи се чести во Судан, бидејќи има малку мостови, а Нил, особено во селските подрачја, најчесто се преминува со чамци и бродови.  (МИА)

To top