Свет на 116 години

Во Бразил почина најстарата личност во светот

Во Бразил почина најстарата личност во светот

На 116 години почина најстарата личност на светот, бразилската калуѓерка Ина Канабаро Лукас. Родена на 8 јуни 1908, таа станала католичка калуѓерка во рани 20-ти години.

Нејзиното семејство кажа дека Ина секогаш го славела својот роденден со торта во облик на стадионот на нејзиниот омилен фудбалски клуб, Интернасионал од Порто Алегре. Таа имала неколку шалови, дресови и колекција перници од клубот.

Сестра Ина, која била благословена од папата Фрањо во 2018, кажа дека ја должела својата долговечност на верата и дека господ е тајната на животот. Внукот на Ина изјави дека таа немала познати болести, туку „нејзиното тело постепено престанувало да работи“.

Статусот на најстара личност на светот сега го презема 115-годишната Етел Катерхем од Англија

To top