Свет БЕЛГИЈА

Во белгиската армија има недостиг од околу 5.000 луѓе

Според податоците, минатата година вооружените сили ги напуштиле 3.066 лица, а биле примени 2.430 нови регрути. Забележано е дека половина од регрутираните напуштаат за време на обуката.

Во белгиската армија има недостиг од околу 5.000 луѓе

Во вооружените сили на Белгија има недостиг од 5.000 лица, објавија локалните медиуми, цитирајќи податоци од Министерството за одбрана.

Се прецизира дека во изминатите години бројот на новопримени е помал од бројот на пензионираните и оние кои ја напуштиле службата.

Според податоците, минатата година вооружените сили ги напуштиле 3.066 лица, а биле примени 2.430 нови регрути. Забележано е дека половина од регрутираните напуштаат за време на обуката.

Белгиските власти очекуваат недостигот да се надмине до 2026 година. Тогаш се планира во белгиските сили да служат 29.100 воени лица. (МИА)

To top