Голем дел од личното обезбедување на соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро беше убиен вчера во американската операција за негово апсење, изјави венецуелскиот министер за одбрана Владимир Падрино.
Тој уште еднаш побара ослободување на Мадуро и го осуди „ладнокрвното“ убиство на неговите телохранители. Падрино не го наведе точниот број на убиени припадници на обезбедувањето на Мадуро.
Педрино го поддржа прогласувањето на потпретседателката Делси Родригез за привремен претседател на земјата, врз основа на одлуката на Врховниот суд на Венецуела со која таа ја презема власта 90 дена.
Тој рече и дека вооружените сили на Венецуела се мобилизирани низ целата земја за да го гарантираат државниот суверенитет.