Канцеларијата за медиуми на Владата на Газа соопшти дека во „грозоморен масакр“ што го извршиле израелските сили во централниот дел на енклавата, загинале 40 лица, а повеќе од сто се повредени.
Тие додаваат дека огромно мнозинство од жртвите се жени и деца, јави Ал Џезира.
– Покрај Израел, ја сметаме американската администрација и меѓународната заедница целосно одговорни за овие тековни злосторства и го повикуваме слободниот свет веднаш да ја прекине оваа војна за истребување од страна на израелската војска против цивилите, соопшти Канцеларијата.