Ханије веста за смртта на неговите синови ја прими во Катар во моментот кога ги посетуваше ранетите Палестинци во болницата во Катар.
Тој утрово беше убиен во Иран, а за главен виновник за неговото убиство палестинската група Хамас го смета Израел.
Израел уште формално не се огласи ниту ја прифати одговорноста за смртта на Ханије, но висок израелски владин функционер изјави дека „смртта на Ханије го прави светот малку подобро место“.
Ханије беше запаметен по тоа што ладнокрвно реагираше на веста дека му се убиени тројца синови во појасот Газа. Тие беа убиени порано годинава во воздушен напад. Според зборовите на израелската војска, двајцата синови на Ханије биле воени оперативци на Хамас а третиот бил командант на „ќелија“. Веста за нивната смрт Ханије ја примил додека бил во Катар, во посета на болница каде биле сместени ранетите палестинци од војната во Газа.
На снимката се гледа како соработникот на Ханије прима телефонски повик, а потоа за да се слушне што кажува, соговорникот го става на звучник. Ханије со ладнокрвен израз на лицето ги слуша зборовите на соговорникот додека тој му ја соопштува веста за смртта на неговите најблиски.
„Хазем, Мухамед и Амир се убиени“, беа зборовите на соговорникот. Наместо солзи или каков било израз на тага, Ханије само климна со главата, погледна во подот и кажа: „Бог да ги прости, Господ нека им се смилува“. Соработникот на Ханије вознемирен, потоа го прашува Ханије дали сака да ја прекине посетата на болницата, тука Ханије повторно шокира со својата реакција и вели: „Не, зошто? Одиме понатаму?“.