Уште околу 30 политички затвореници беа ослободени денеска од затворот „Родео 1“ во предградијата на Каракас, согласно законот за амнестија кој беше објавен во четвртокот под притисок на САД по притворањето на претседателот Николас Мадуро на 3 јануари.
– Слободни сме, слободни сме! – викале затворениците со избричени глави и бели маици, пречекани од нивните многубројни блиски кои со недели кампуваа пред затворот, пренесе БТА.
Невладината организација „Форо Пенал“, специјализирана за заштита на политичките затвореници, вчера соопшти дека вкупно 65 лица се ослободени во последните три дена согласно законот за амнестија.
Извор МИА