Свет Санкции

Велика Британија воведе санкции за раководството на казнената колонија каде што почина Навални

„Оние кои се виновни за суровиот однос кон Навални не треба да се залажуваат – ние ќе ги повикаме на одговорност“, рече Камерон.

Велика Британија воведе санкции за раководството на казнената колонија каде што почина Навални

Велика Британија денеска воведе санкции за шест лица кои имаа раководни позиции во арктичката казнена колонија каде што минатата недела почина рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

„Меѓу санкционираните е и шефот на казнената колонија, како и петмина негови заменици. Ним им е забранет влезот во Велика Британија, а нивните средства се замрзнати“, изјави британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон.

„Јасно е дека руските власти го сметаа Навални за закана и постојано се обидуваа да го замолчат“, рече Камерон.

„Оние кои се виновни за суровиот однос кон Навални не треба да се залажуваат – ние ќе ги повикаме на одговорност“, рече Камерон.  (МИА)

Најнови вести од Свет

Свет

Виткоф: Делегацијата на САД имаше конструктивни разговори со Нетанјаху за планот за ГазаСпецијалниот американски претставник Стив Виткоф денескa изјави дека разговорите на официјалните претставници на САД со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за втората фаза од мировниот план од 20 точки за Појасот Газа биле конструктивни. „САД и Израел одржуваат силна и долгогодишна врска изградена врз тесна координација и заеднички приоритети. Разговорот беше конструктивен и позитивен, а двете страни се согласија за следните чекори и важноста за продолжување на соработката по сите прашања клучни за регионот“, наведе Виткоф во објава на платформата Икс. Виткоф и американскиот претставник Џаред Кушнер се сретнаа вчера со Нетанјаху во Ерусалим и ја повикаа неговата влада да ја спроведува втората фаза од прекинот на огнот во Газа. Неименуван американски претставник им изјави на новинарите дека на средбата станало збор за предавање на телото на последниот заложник во Појасот Газа, како и за следните чекори за демилитаризација на таа територија, пренесува Вашингтон пост.

To top