Свет „На Украина да ѝ се обезбеди најсилна можна позиција“

Велика Британија и Украина ќе потпишат историско „стогодишно безбедносно партнерство“

Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер денеска во Киев изјави дека главната цел е да се обезбеди Украина „да биде во најсилна можна позиција во текот на 2025 година“.

– Поради тоа мораме да пружиме неопходна поддршка и никогаш да не се откажуваме, наведе Стармер положувајќи цвеќе со украинскиот претседател Володимир Зеленски пред споменикот на загинатите украински војници.

Стармер во Киев треба да потпише „стогодишно безбедносно партнерство“ со Украина.

Велика Британија и Украина ќе потпишат историско стогодишно партнерство со цел зајакнување на безбедносните врски и партнерства за идните генерации, соопшти претходно Даунинг стрит.

Договорот посебно ќе се фокусира на „воената соработка“ на море.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на Телеграм објави дека за време на посетата на британскиот премиер се активирала противвоздушната одбрана, се слушнале експлозии, а дрон го надлетувал главниот град на Украина.

To top