Свет сирија

„Вашингтон пост“: Асад одби договор со САД пред да биде соборен од власт

Досегашниот претсдател на Сирија, Башар ал Асад, одбил договор со САД пред неговото соборување од власт, објави Вашингтон пост.

„Вашингтон пост“: Асад одби договор со САД пред да биде соборен од власт

Досегашниот претсдател на Сирија, Башар ал Асад, одбил договор со САД пред неговото соборување од власт, објави Вашингтон пост.

Пред офанзивата на вооружената опозиција во Сирија, Американците му понудија да одбие да ја дава на Иран неговата територија за снабдевање на Хезболах. Во замена, САД ветија постепено укинување на санкциите против Сирија, пишува весникот.

Во текстот се коментира дека исто така фатално за Асад било неговото одбивање да ги подобри односите со турскиот претседаел Реџеп Таип Ердоган, кој понуди нормализирање на односите со официјален Дамаск во замена за контрола на курдските формации и враќање на барем дел од сириските бегалци на територијата на Сириската Арапска Република.

To top