Свет ЕУ

Вадефул: Индо-пацифичките тензии влијаат врз европските интереси

Агресивноста на Кина во Јужното Кинеско Море и тензиите во Тајванскиот Проток претставуваат закана за меѓународната безбедност што влијае и врз Европа, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул за време на посетата на Индонезија.

-Растечката воена агресија на Кина во Јужното Кинеско Море не само што ја загрозува безбедноста во Азија, туку го поткопува и меѓународниот поредок заснован на правила како целина, рече Вадефул во говорот на настан за надворешна политика, додавајќи дека како резултат на тоа се загрозени и важните трговски патишта.

Во врска со Тајванскиот Проток, германскиот министер за надворешни работи рече: „Секоја ескалација би имала сериозни последици врз глобалната безбедност и просперитет – и директно би влијаела и врз германските и врз европските интереси“.

To top