Министерство за здравство на Хамас денеска соопшти дека 20.424 лица се убиени во израелските воени операции во Појасот Газа од почетокот на војната на 7 октомври.
„Новиот биланс на жртви вклучува 166 лица кои починале во последните 24 часа“, соопшти Министерството.
Во соопштението се додава дека во тој период биле ранети 54.036 лица.
Како што претходно пренесоа светските медиуми, по нападот на Хамас на 7 октомври, Израел објави дека има две цели, да го уништи Хамас и да ослободи 129 заложници, кои се уште се во заробеништво на екстремистите во Газа. (МИА)