Уставниот суд на Грузија прими барања за забрана на опозициската партија Обединето национално движење, формирана од поранешниот грузиски претседател Михаил Сакашвили, како и на уште две опозициски партии.
Барањето е доставено од 88 пратеници на владејачката партија Грузиски сон – Демократска Грузија.
Согласно законот, Уставниот суд има рок од девет месеци да го разгледа барањето и да донесе одлука.
Премиерот на Грузија, Иракли Кобахиѕе изјави дека тужбата е заснована на наодите на Парламентарната истражна комисија, која утврдила дека партијата Обединето национално движење од 2004 до 2012 година извршила бројни и систематски кршења на човековите права.
– Забраната на оваа партија, која е симбол на насилство и беззаконие од тој период, би бил чекор кон расчистување на политичкиот простор и стабилизирање на грузиското општество, посочи Кобахиѕе.
Сакашвили, кој е во затвор, повеќе пати тврдеше дека е цел на политички прогон, а актуелната Влада влада се обидува да ја елиминира опозицијата пред претстојните избори.