Свет

УНРВА: Од Рафа досега побегнаа 360.000 Палестинци

Агенцијата на Обединети нации за помош на Палестинците во Газа (УНРВА) денеска соопшти дека околу 360.000 Палестинци го напуштиле градот Рафа откако Израел најави евакуација.

Приближно еден милион Палестинци, кои побегнаа од судирите во Појасот Газа засолниште пронајдоа во Рафа. Израелските безбедносни сили (ИДФ) на 6 мај наредија евакуација на Палестинците од источните предградија на Рафа. Израелскиот воен кабинет на 9 мај одобри „ограничено проширување“ на воената операција во Рафа.

Во меѓувреме, Министерството за здравство во Газа соопшти дека поради борбите блокирана е испораката на гориво преку премините.

Само неколку часа нè делат од колапсот на здравствениот систем во Појасот Газа поради недостигот на потребното гориво за работа со генератори во болниците, амбулантите и за транспорт на персоналот, се наведува во соопштението на палестинското Министерство за здравство.

To top