Свет Руска територија

Украинското разузнавање објави дека убило тројца припадници на Руската национална гарда

„Поручник на Националната гарда, кој командувал со непријателската специјална единица „Авангарда“, бил елиминиран заедно со неговиот помошник и неговиот возач. Групата руски војници била на пат кон база за обука, но никогаш не стигнала до неа“, се вели во соопштението.

Украинското разузнавање објави дека убило тројца припадници на Руската национална гарда

Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина објави дека спровела успешна операција на руска територија, објавија украинските медиуми.

Според информациите, украинските разузнавачи, со поддршка на „Кавкаското ослободително движење“, елиминирале тројца припадници на Руската национална гарда.

Операцијата е спроведена на 27 септември во близина на селото Тамбукан во Ставрополската територија на Русија.

„Поручник на Националната гарда, кој командувал со непријателската специјална единица „Авангарда“, бил елиминиран заедно со неговиот помошник и неговиот возач. Групата руски војници била на пат кон база за обука, но никогаш не стигнала до неа“, се вели во соопштението.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Претходно, украинското разузнавање во Приморската територија на Русија елиминирало група руски воени лица кои се однесувале кон украинските цивили со посебна бруталност и егзекутирале воени заробеници.  (МИА)

To top