Свет

Украинската државна железница погодена од голем кибер напад

Украинската државна железница погодена од голем кибер напад

Украинската државна железница „Укрзализниција“ денеска објави дека нејзините онлајн системи биле изложени на кибер напад од големи размери.

Во тек е обновување на онлајн системот, соопшти компанијата во објавата на апликацијата за пораки Телеграм, а сообраќајот на возовите е стабилен и работи без одложувања.

Истовремено, украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека собориле 57 од 99-те беспилотни летала лансирани од Русија во текот на ноќта.

Дополнителни 36 беспилотни летала не успеаја да стигнат до своите цели, се наведува во соопштението.

Не е наведено што се случило со преостанатите шест дронови.

To top