Украинската армија собори 50 дронови со кои Русите ја нападнаа Украина во последните 12 часа, соопшти военото воздухопловство на Телеграм.
– Од 19 часот во неделата, на 3 ноември, руските војници го нападнаа регионот Дњепропетровск со балистичка ракета „Искандер-М“, а подрачјето за лансирање беше Ростовската област, а исто така го погодија и регионот Харков со наведувани авионски бомби и лансираа 80 нападни дронови и беспилотни летала Шахед, пренесува Укринформ.
Воздушниот напад бил одбиен од украински противвоздушни ракетни трупи, авијацијата, единици за електронско војување, мобилни огнени групи на воздухопловните сили и одбранбените сили на Украина.
Од синоќа биле соборени 50 дронови во регионите Киев, Суми, Одеса, Херсон, Николаев, Житомир, Черкаси, Черњигов и Кировоград. Според извештаите, Украина ги соборила сите руски дронови кои го нападнале Киев во текот на ноќта.