Украинските вооружени сили соопштија денеска дека погодиле една од главните руски фабрики за производство на експлозиви за различни видови муниција, како и нафтен терминал на окупираниот Крим.
Главниот штаб на украинската армија информираше дека по нападот врз Свердловската фабрика за експлозиви во градот Џержинск, во Нижегородската област, биле пријавени бројни експлозии, а пожар избувнал и по ударот врз нафтниот терминал во Феодосија, на Крим.
Гувернерот на Нижегородската област, Глеб Никитин, изјави дека руската противвоздушна одбрана одбила напад со 20 дронови врз индустриската зона на Џержинск.
-Според првичните податоци, остатоци од дроновите раниле еден цивил, чиишто живот не е во опасност, рече Никитин.
Украински дронови, според извештаите, погодиле и термоелектрана во градот Клинци, во Брјанската област, како и нафтена рафинерија во градот Туапсе, во Краснодарскиот крај, при што се повредени двајца руски државјани. (МИА)