Свет

Украина соопшти дека соборила 35 од вкупно 39 беспилотни летала лансирани од Русија

Украинската воздушна одбрана собори 35 од вкупно 39 беспилотни летала лансирани од Русија врз нејзина територија синоќа, соопшти Военото воздухопловство на Украина.

Украина соопшти дека соборила 35 од вкупно 39 беспилотни летала лансирани од Русија

Повеќето беспилотни летала се уништени над источните и јужните украински региони, соопшти Военото воздухопловство на Телеграм. Не е прецизирано дали има уништување.

Русија исто така истрела четири крстосувачки ракети С-300, додаде Военото воздухопловство. Оттаму не појаснија што се случило со проектилите и дали стигнале до целта.

Една жена е убиена од украинско гранатирање во селото Кулбаки во областа Курск, а нејзиниот сопруг е тешко повреден, соопшти денеска гувернерот на руската област која граничи со Украина.

-Станбена зграда е зафатена во пламен, а локална жена загина, напиша гувернерот Роман Старовоит на Телеграм. Нејзиниот сопруг, додаде, е тешко изгорен.

Оштетен е и уште еден дом во истото село, од кој дел остана без струја.

Бомбардирањата и нападите на руските региони кои се граничат со Украина зачестија во последните две години откако Москва ја започна војната против Киев.

Беспилотно летало лансирано од Украина паднало на територијата на складиште за нафта во областа Курск и се запалило, наведува Старовоит во друга порака на Телеграм.

-На лице место работат противпожарни екипи и претставници на оперативните служби, напиша тој, не наведувајќи повеќе детали.

To top