Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибига денеска во Вашингтон повика на „ладна глава“ пред најавената ревизија на руската нуклеарна доктрина, со која се проширува можноста за користење атомско оружје.
„Мораме да останеме со ладна глава, јасни идеи и да не се препуштиме на стравот“, рече Сибига пред комитетот на американскиот Конгрес.
Според него, најавата на Русија за ревизија на нуклеарната доктрина и нејзината реторика за употреба на нуклеарно оружје „не се ништо друго освен уцена“.
Белата куќа претходно ја оцени како „неодговорна“ реториката на Русија за нуклеарното оружје.
И британскиот премиер Кир Стармер ја осуди „неодговорната реторика“ на Русија, која „замавна со нуклеарна закана“ на 1.000-тиот ден од офанзивата против Украина.