Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска оцени дека неговата земја ќе биде подготвена за отворање на сите кластери во првата половина на 2026 година, а целосно технички подготвена за прием во Европската Унија во 2027 година, пренесува Укринформ.
Зеленски, за време на заедничката прес-конференција со претседателите на Литванија и Полска во Вилнус, изјави дека е важно Украина да одреди конкретен датум за пристапување кон ЕУ во мировниот договор, со цел да се обезбедат јасни безбедносни гаранции и да се спречи какво било блокирање на нејзиното членство.
„Вториот слој безбедносни гаранции за Украина се европските безбедносни гаранции, Коалицијата на волјата и, најважно, членството во Европската Унија. Ова се економски безбедносни гаранции за Украина. Се стремиме кон 2027 година“, рече Зеленски.
Според неговите зборови, „Украина ќе биде технички подготвена во првата половина на 2026 година во однос на отворањето на сите кластери“.