Украинските нуклеарни централи го намалија производството на електрична енергија како мерка на претпазливост по масовните руски напади врз енергетската инфраструктура викендов, изјави денеска генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси.
-Нуклеарните постројки не беа директно погодени од руските напади, но станиците поврзани со нив се оштетени, рече Рафаел Гроси, пренесува ДПА.
По разговорот со шефот на украинските регулаторни тела, тој посочи дека само два од деветте оперативни нуклеарни реактори во земјата моментално произведуваат со полн капацитет.
-Енергетската инфраструктура на земјата е исклучително ранлива, што директно влијае на нуклеарната безбедност, рече Гроси, додавајќи дека од суштинско значење е нуклеарните централи да имаат безбедно снабдување со електрична енергија. (МИА)