Свет

Училиштата во Курск затворени по нападот од Украина

„Поради неодамнешните настани, решив учениците да учат од далечина“ до петок, 15 март, објави на Телеграм градоначалникот на Курск, Игор Кучак.

Училиштата во Курск затворени по нападот од Украина

Руските власти наредија затворање на училиштата во градот Курск, главниот град на истоимениот регион, долж границата со Украина, по нападот од украинска територија.

„Поради неодамнешните настани, решив учениците да учат од далечина“ до петок, 15 март, објави на Телеграм градоначалникот на Курск, Игор Кучак.

Руски доброволци кои се борат за Украина изјавија дека преминале во Русија за да ги нападнат пограничните региони, поточно Курск, и дека зазеле едно село. Руското Министерство за одбрана соопшти дека армијата ги одбила нападите од Украина во текот на ноќта и изутринава, уверувајќи дека спречила пробив на руска територија.

Украинците денеска испратија бран беспилотни летала на руска територија, од кои околу 15 ја нападнаа областа Курск, соопшти Министерството.

Најнови вести од Свет

To top