Свет убиецот бил злоставуван ученик

Убиени ученици и наставници во пукање во училиште во Грац, напаѓачот се самоуби

Австриските медиуми објавуваат дека дека напаѓачот испукал куршуми во две училници. Меѓу жртвите имало и наставници и ученици. Според веродостојни извори, во моментот 9 лица се мртви, од кои 2 биле девојчиња во петто одделение.

Убиени ученици и наставници во пукање во училиште во Грац, напаѓачот се самоуби

 

Масакрот во средното училиште во Грац, Австрија, е дело на ученик во училиштето, кој сметал дека бил злоставуван, тврдат австриски медиуми, откако беше објавена веста дека најмалку осум лица се мртви по пукотницата што се случила утрово  во училиште во округот Ленд.

Австриските медиуми објавуваат дека дека напаѓачот испукал куршуми во две училници. Меѓу жртвите имало и наставници и ученици. Според веродостојни извори, во моментот 9 лица се мртви, од кои 2 биле девојчиња во петто одделение.

Осомничениот сторител бил пронајден мртов во еден од тоалетите. Според медиумите, тој се самоубил.

Локалните медиуми известуваат за осум загинати, но овие информации сè уште не се официјално потврдени. Според јавниот сервис ОРФ, речиси еден час по пријавеното пукање, во тек е голема полициска операција.

Полицијата малку подоцна соопшти дека училиштето е успешно евакуирано.

„Ситуацијата е безбедна“, соопшти полицијата. „Не се очекува понатамошна опасност“.

Јавниот радиодифузен сервис ОРФ ја цитираше полицијата која соопшти дека неколку лица се убиени или тешко повредени во нападот, меѓу кои и ученици и наставници.

Градоначалничката на Грац, Елке Кар, изјави дека напаѓачот е меѓу загинатите. ОРФ претходно објави дека се смета дека напаѓачот е ученик во училиштето, пренесува Дојче веле.

Дневниот весник Кронен Цајтунг објави дека најмалку осум лица се убиени во нападот. Се вели дека бројот на повредени е „двоцифрен“.

Полицијата соопшти дека е распореден хеликоптер како дел од операцијата. (МИА)

To top