Свет

Уапсено десеттото лице вмешано во терористичкиот напад на Крокус Сити Хол кај Москва

Според информациите, станува збор за Јакубџони Јусуфзода, кој, како што соопшти Рускиот истражен комитет, неколку дена пред терористичкиот напад префрлил пари на соучесник преку неговата банкарска картичка „за да обезбеди сместување за терористите“.

Уапсено десеттото лице вмешано во терористичкиот напад на Крокус Сити Хол кај Москва

Басманскиот суд во Москва му одреди притвор до 22 мај на десеттото лице, државјанин на Таџикистан, вклучено во терористичкиот напад на Крокус Сити Хол во близина на Москва, пренесува РИА Новости.

Според информациите, станува збор за Јакубџони Јусуфзода, кој, како што соопшти Рускиот истражен комитет, неколку дена пред терористичкиот напад префрлил пари на соучесник преку неговата банкарска картичка „за да обезбеди сместување за терористите“.

Дел од средствата му префрлил на еден од сторителите по терористичкиот напад.

Јусуфзода на сослушувањето рекол дека работел како дневен работник на градилиште.

Главниот дел од судењето беше затворен за јавноста на барање на истражителите.

Сите десетмина уапсени се теретат дека извршиле терористички напад во кој имало смртни случаи, за што според рускиот кривичен закон е предвидена казна доживотен затвор.

Јусуфзода бил уапсен на 26 март и му бил одреден 12 дневен притвор поради непочитување на полициските наредби при проверка на документи.

Во терористичкиот напад на Крокус Сити Хол на 22 март, според последните податоци на Министерството за вонредни состојби, загинаа 144 лица.

To top