Молдавската полиција вчера на меѓународниот аеродром во Кишињев ја приведе лидерката на проруското етничко малцинство Гагаузи во земјата по необјаснето исчезнување на двајца барани проруски пратеници.
Евгенија Гуцул, беше задржана 72 часа во главниот град, рече Ангела Старински од молдавскиот антикорупциски центар. „Мерката се презема во контекст на кривично дело“, изјави Старински за новинарите.
Гагаузија е регион со околу 140.000 жители во јужниот дел на Молдавија. Таа е населена со етничка заедница претежно од турско говорно подрачје, која го практикува православното христијанство и има тензични односи со централните власти од 1991 година откако Молдавија стана независна.
Молдавија, која во изминатите 150 години беше дел од Руската империја, „Голема Романија“ и Советскиот Сојуз, сега е предводена од претседателката Маја Санду, која вети дека нејзината земја ќе стане членка на Европската унија до 2030 година. Санду ја осудува руската инвазија на соседна Украина и го обвинува Кремљ дека се обидува да ја надмине.
Наскоро се очекува Гуцул да биде осудена под обвинение за корупција и финансирање на политички блок предводен од бизнис магнатот Илан Шор. Таа беше приведена по необјаснето исчезнување минатата недела на прорускиот парламентарец Александар Нестеровски на денот кога беше осуден на 12 години затвор под слични обвиненија за корупција. Исчезна и втората пратеничка, Ирина Лозован, која чекаше пресуда за слични обвиненија. И двајцата беа соработници на Шор, кој се надева дека ќе го искористи својот блок Победа за да обезбеди победа за проруските пратеници на парламентарните избори подоцна оваа година. Шор е обвинет од молдавските власти дека влева значителни суми во земјата за да влијае на изборите.