Германската полиција соопшти дека 15-годишник е уапсен во врска со нападот со нож во градот Солинген.
Тој е приведен откако две жени пријавиле дека слушнале како 15-годишникот и друго лице зборуваат за нападот.
Тинејџерот е осомничен дека однапред знаел за нападот и не пријавил во полиција.
Се уште не е познат идентитетот на напаѓачот. Додека едно лице е во притвор, истражителите се уште утврдуваат кој точно го извршил нападот.
Нападот се случи синоќа на одбележувањето на 650-годишнината од постоењето на градот, кога непознато лице околу 21:40 часот со нож уби три лица, рани осум од кои петмина потешко.
Жртвите се двајца мажи на возраст од 67 и 57 години и една жена на возраст од 56 години.
Како што наведуваат странските медиуми, тој ги нападнал посетителите токму пред бината и дека биле убиени една жена и двајца мажи.
-Случајно прободе луѓе пред бината. Голем број луѓе трагаат по напаѓачот, изјави инспекторот Саша Креста од полицијата во Вупертал.
Градскиот фестивал беше откажан бидејќи полициски хеликоптер кружеше над опкружената област во текот на ноќта. Раскрсниците беа затворени, а жителите беа замолени да останат во своите домови и да го избегнуваат центарот на градот. (МИА)