Свет Полска-Украина

Туск го одби апелот на Зеленски за итна средба на границата поради блокадите

Туск потсети дека Полска долго време дава до знаење дека обврска на нејзината влада е да го заштити својот пазар, вклучително и земјоделските производи.

Туск го одби апелот на Зеленски за итна средба на границата поради блокадите

Полскиот премиер Доналд Туск денеска го отфрли апелот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски итно уште утре на граница да се сретне, можеби заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејнен, за да се реши ескалацијата на блокадите на границата со Украина поради протестите на полските земјоделци и транспортери.

„Јасно кажав. Не ни треба симболика во нашите односи. Владите на Полска и Украина ќе се сретнат на 28 март во Варшава“, го одби апелот на Зеленски полскиот премиер.

Туск потсети дека Полска долго време дава до знаење дека обврска на нејзината влада е да го заштити својот пазар, вклучително и земјоделските производи.

„Предупредивме на заканите поврзани со либерализацијата на трговијата со Украина. Помошта за Украина во војната со Русија е без дискусија. Ќе бараме решение и во преговорите со Украина и европските институции така што помалку да се почувствуваат негативните последици од либерализацијата на трговијата со Украина. Земјоделците можат да сметаат на мене“, рече Туск на прес-конференција во Варшава.

Претседателот Зеленски, по се позачестените немири на протестите на полските земјоделци фрлањето од страна на демонстрантите на жито од украинските камиони и вагони на патиштата или железничките пруги, иако се во транзит на други пазари, ги обвини Полјаците за недостиг на солидарност. со земјата во војната, а претставниците на двете влади дури разменија закани дека ќе стават целосно ембарго за увоз на стоки од друга земја.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top