Свет Брисел ги деблокира средствата

Туск: ЕК утре ќе ги одблокира фондовите за закрепнувањето на Полска

„Утре ќе слушнеме од претставниците на Европската унија дека конечно се деблокирани средствата од Националниот план за закрепнување на Полска“, изјави Туск во Парламентот.

Туск: ЕК утре ќе ги одблокира фондовите за закрепнувањето на Полска

Претставниците на Европската комисија утре ќе објават дека Брисел ги деблокира средствата за закрепнување на Полска од Ковид-19, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск.

„Утре ќе слушнеме од претставниците на Европската унија дека конечно се деблокирани средствата од Националниот план за закрепнување на Полска“, изјави Туск во Парламентот.

Полскиот министер за правда Адам Боднер во вторникот во Брисел го претстави акцискиот план „за обновување на владеењето на правото“, по осум години владеење на партијата „Право и правда“, за кој период за земјата беа замрзнати неколку милијарди евра во фондовите на ЕУ.

Европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс изјави дека реакциите на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ за акцискиот план за владеење на правото во Полска се многу позитивни.

Европската комисија задржа милијарди евра средства наменети за Полска поради загриженоста за судството.

Новиот полски премиер Доналд Туск вети дека ќе ја врати независноста на судството и ќе ослободи средства, но се соочува со отпор од поддржувачите и сојузниците на партијата Право и правда, вклучително и претседателот Анджеј Дуда и некои судии.

To top