Најмалку три лица загинаа, а 16 се ранети во руските напади врз Харков, во североисточна Украина, соопштија утринава регионалните власти.
-Во ноќниот напад погодена е петкатница во населбата Новобаварски, изјави градоначалникот Игор Терехов, додавајќи дека се стравува дека под урнатините има уште жртви.
Официјални лица рекоа дека „непријателот прибегна кон тактика со двоен удар, додека медицинските лица, спасувачите и полицајците беа на местото на настанот“.
Ракетите С-300 и С-400 лансирани од територијата на руската област Белгород, на границата со Украина.