Свет пристанишен град Мока

Трговски брод нападнат кај Јемен, предизвикана мала штета

Агенцијата не го идентификуваше бродот ниту кој стои зад нападот.

Трговски брод нападнат кај Јемен, предизвикана мала штета

Трговскиот брод претрпе мала штета по двата напади денеска кај Јемен, со беспилотно летало и пловило со далечински управувач, соопшти Британската агенција за поморска безбедност УКМТО.

Инцидентот се случил на 64 наутички милји (118 километри) северозападно од јеменскиот пристанишен град Мока, во близина на стратешкиот теснец Баб-ел-Мандеб што ги поврзува Црвеното Море и Аденскиот Залив, соопшти агенцијата, управувана од британската морнарица.

Бродот пријавил два напади, првиот од дрон кој експлодирал во негова близина и предизвикал мала штета, соопшти поморската агенција. Потоа пловен објект со далечинско управување експлодирало во близина на бродот, додава агенцијата, нагласувајќи дека екипажот е жив и здрав.

Од бродот, тие исто така пријавиле дека биле заплискани со вода од проектил кој паднал „многу блиску“ до нив, додава агенцијата, укажувајќи дека се чини дека тоа е удар од промашен проектил.

Агенцијата не го идентификуваше бродот ниту кој стои зад нападот.

Меѓутоа, бунтовниците Хути, кои контролираат дел од воено разурнатиот Јемен, вршат напади врз трговски бродови во областа од ноември минатата година, изјавувајќи дека дејствуваат во знак на солидарност со Палестинците од Газа.

Хутите нападнале најмалку 88 трговски бродови за девет месеци, според Вашингтонскиот институт за политика на Блискиот Исток.

Најнови вести од Свет

To top