Свет ЕВРОПЈАНИТЕ ИЗБЕГАА ОД СООЧУВАЊЕ СО АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ

Трамп слета, а eвропските лидери „ФАТИЈА ШТРАФТА“ од Давос

Фон дер Лајен, според Европската комисија, направила „стратешка и политичка проценка“ дека е поважно да се врати во Брисел за подготовка на состанокот на Европскиот совет.

Трамп слета, а eвропските лидери „ФАТИЈА ШТРАФТА“ од Давос

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Швајцарија за Светскиот економски форум во Давос, додека клучни европски лидери се повлекле во последен момент. Францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го напуштиле Давос пред неговиот говор.

Откако утринава мораше да смени авион поради снежните услови, Трамп слета во Цирих. Таму се качи на хеликоптер за да стигне до Давос кој е оддалечен околу 148 километри.

Според извори на „Гардијан“ и „Ројтерс“, неговото обраќање било планирано околу 14:30 часот, но без официјална потврда.

Урсула се повлекла, Мерц ја откажал средбата

Фон дер Лајен, според Европската комисија, направила „стратешка и политичка проценка“ дека е поважно да се врати во Брисел за подготовка на состанокот на Европскиот совет.

На прашањето дали е планирана средба со Трамп во блиска иднина, портпаролот на Фон Дер Лајен одговорил:

– Колку што знам, не се испратени покани во ниту еден правец.

Во исто време, бил откажан и состанокот на Трамп со германскиот канцелар Фридрих Мерц. Причината, според „Ројтерс“ се технички проблеми со претседателскиот авион, објавил „Ројтерс“.

Макрон си замина, Мелони и Санчез ги откажале патувањата

Шпанскиот премиер Педро Санчез, исто така, го откажа своето патување по железничката несреќа во јужна Шпанија во која загинаа 42 лица. Италијанската премиерка Џорџија Мелони, исто така, нема да биде во Давос, бидејќи Ројтерс дознава дека ќе ги следи стапките на Макрон и ќе одбие да се приклучи на „Мировниот комитет“ на Трамп за Газа, уште една тема која е жежок костен меѓу Вашингтон и Европа по темата за Гренланд и Украина.

Меѓу нив е и францускиот претседател Емануел Макрон, кој замина откако, според извештаите, не успеа да обезбеди приватна средба со Доналд Трамп. Макрон, за потсетување, пред два дена му испрати порака на Трамп предлагајќи да се сретнат во Давос, што Трамп го отфрли и се закани дека ќе воведе нови царини за Франција.

 

Најнови вести од Свет

To top