Амбасадорката на САД во Обединетите нации Линда Томас Гринфилд денеска изјави дека највредната лекција од војната во Украина е дека мора да бидеме обединети со себе и со Украина.
Таа на онлајн брифингот рече дека настаните во Украина не влијаат само на таа земја и на народот на Украина, туку на сите.
„Остануваме посветени на народот на Украина и неговата борба. Нашите партнери сакаат да видат демократска и независна Украина. Нашиот став останува непроменет – Русија мора да се повлече од Украина“, рече таа, додавајќи дека земјата ќе продолжи да и помага на Украина.
На прашањето за конфликтот во Газа, Томас Гринфилд рече дека сојузниците се обидуваат да најдат решение. „Ние секогаш ги поддржувавме напорите и преговорите“, рече таа.