Тимот на Алексеј Навални денеска ги обвини руските власти дека се обидуваат да ги „прикријат трагите“ со тоа што одбиваат да им го предадат телото на мртвиот критичар на Кремљ на неговите роднини.
„Очигледно е дека убијците сакаат да ги прикријат трагите и затоа не го предаваат телото на Алексеј, кријат дури и од неговата мајка“, се вели во објавата на неговиот тим на Телеграм. (МИА)