Свет Кира Јармуш

Телото на Навални вратено на неговата мајка

Засега не е познато кога ќе се одржи погребот.

Телото на Навални вратено на неговата мајка

Телото на рускиот опозиционер Алексеј Навални е вратено на неговата мајка, соопшти неговата портпаролка Кира Јармуш на Х.

„Људмила Ивановна се уште е во Салехард. Погребот се уште се чека. Не знаеме дали властите ќе се мешаат да се спроведе како што сака семејството и како што заслужува Алексеј. Ќе ве известиме штом има новости“, напиша Јармуш.

Таа им се заблагодари на сите што побараа да се врати неговото тело.

Најнови вести од Свет

To top