Свет МКС

Тајани: Г7 бара заеднички став за налогот на МКС за апсење на Нетанјаху

Мора да бидеме обединети за ова прашање, рече Тајани на почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7.

Тајани: Г7 бара заеднички став за налогот на МКС за апсење на Нетанјаху

Шефот на италијанската дипломатија, Антонио Тајани, изјави дека групата Г7, со која годинава претседава Италија, бара заеднички став за налогот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Покрај Нетанјаху, пред МКС се обвинети и поранешниот израелски министер за одбрана, Јоав Галант, како и лидерот на военото крило на Хамас, Мохамед Диаб Ибрахим ал-Масри.

-Мора да бидеме обединети за ова прашање, рече Тајани на почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7.

САД, кои се дел од Г7, во првичната реакција ја отфрлија одлуката на МКС.

To top