Свет

Сунак ги повика избирачите „да му веруваат“ пред парламентарните избори

Сунак ги повика избирачите „да му веруваат“ пред парламентарните избори

Британскиот премиер Риши Сунак денеска ги повика избирачите „да му веруваат“ дека ќе ја обезбеди нивната безбедност во денешниот свет, кој станува сè поопасен. Премиерот ги наведе своите заслуги во предизборниот говор во кој, според агенциите, „немал скрупули“, по повод претстојните, иако се уште не закажани, национални парламентарни избори годинава.

Со оглед на тоа што неговите колеги ториевци заостануваа зад опозициската Лабуристичка партија во анкетите пред изборите, Сунак го искористи својот говор на настанот во Аналитичкиот центар за размена на политики на Конзервативната партија за да ги убеди гласачите дека само тој е способен да ја заштити земјата од „оската на авторитарните држави“.

Сунак ги нападна лабуристите дека не се во состојба (ако дојдат на власт) да го исполнат ветеното зголемување на трошоците за одбрана (на 2,5 отсто од БДП годишно до 2030 година) или да ја спречат илегалната имиграција, и дека само тој има „јасен план“ за иднината . Лидерот на лабуристите Кир Стармер ги отфрли тврдењата како неосновани.

„Следните избори во нашата земја се националните избори и изборот на нив е јасен – иднината или минатото“, рече Сунак на настанот.

„Имаме јасна претстава за тоа што носи иднината – најопасните времиња што сме ги виделе во многу години, но и најпроменливите и само ние сме оние и само јас сум тој со храбрите идеи и јасен план кои ќе донесат сигурна иднина на нашата држава“, рече Сунак.

Лабуристите одговорија со обвинување на конзервативците.

„Единствениот начин да се запре овој хаос е да се сврти нова страница, а почетокот на промените е промена на власта“, рече Пит Мекфејден, национален координатор на кампањата на лабуристите.

To top