Свет ВО ВОЈНАТА УБИЕНИ ПОВЕЌЕ ОД 9.000 ЛИЦА

Судан се повлече од мировните преговори под покровителство на ИГАД

Владата на Судан денеска соопшти дека се повлекува од мировните преговори што се одвиваат со посредстви на источноафриканската регионална организација на Меѓувладина управа за развој (ИГАД).

Судан се повлече од мировните преговори под покровителство на ИГАД

ИГАД се обидува да ги натераат суданската армија и ривалската паравоена Сили за брза поддршка (РСФ), кои се во војна од април 2023 година, да преговараат за крај на деветмесечната граѓанска војна. ИГАД уште во мај 2023 година побара од лидерите на завојуваните страни да се договорат за примирје. Последователните обиди за мировни преговори беа неуспешни.

Министерство за надворешни работи на Судан соопшти дека ги прекина врските со ИГАД откако регионалната организација го додаде Судан на агендата на својот состанок и го покани лидерот на РСФ, Мохамед Хамдан Дагал да присуствува.

Членови на ИГАД се Судан, Џибути, Етиопија, Кенија, Уганда, Сомалија и Јужен Судан.

Според податоците на ОН, повеќе од 9.000 луѓе се убиени, а над 12.000 се повредени во војната во Судан. Според Агенцијата за бегалци на ОН во Судан има „незамислива“ хуманитарна криза. Поради борбите, речиси 7,5 милиони луѓе се раселени, од кои 4,3 милиони внатрешно раселени, а 1,2 милиони побегнале во соседните земји.

To top