Свет изјава

Стармер: Со сојузниците работиме Иран да не развие нуклеарно оружје

Велика Британија работи заедно со своите сојузници со цел да се спречи Иран да развие нуклеарно оружје, изјави денеска британскиот премиер Кир Стармер.

– Целта е Иран да не може да развие нуклеарно оружје и тоа е од исклучителна важност, рече Стармер во Шангај, одговарајќи на прашање на Би-Би-Си дали би поддржал евентуални американски напади врз Исламската Република.

Тој нагласи дека Лондон ја поддржува оваа цел и дека е во постојана комуникација со сојузниците за начините како таа да се постигне.

Стармер воедно остро го критикуваше односот на иранските власти кон демонстрантите, оценувајќи дека убиствата и репресијата врз протестирачите се „гротескни“.

Претходно, иранските власти потврдија дека за време на протестите во земјата биле убиени најмалку 5.000 лица.

To top