Свет Велика Британија

Стармер не ја исклучува можноста за испраќање мировни трупи во Украина

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека испраќањето копнени трупи во Украина претставува реална опција во рамки на „Коалицијата на подготвените“, чија цел е обезбедување траен мир во земјата и спречување на нови агресии од Русија.

– Воените планови на Коалицијата вклучуваат поддршка од воздух, море и копно – вклучително и евентуално распоредување трупи во Украина. Плановите се доволно развиени за да бидат ставени во функција веднаш, изјави Стармер.

Тој нагласи дека првиот приоритет е рускиот претседател Владимир Путин да седне на преговарачка маса и да се постигне „безусловен прекин на огнот“.

– Би било грешка да се чека прекинот на огнот за да започне планирањето. Командната структура веќе е поставена, рече британскиот премиер.

Стармер потенцираше дека санкциите можат да одиграат значајна улога во притисокот врз Русија, а крајната цел на коалицијата е да се обезбеди дека Москва нема повторно да го наруши евентуалното примирје.

– Нашата безбедност почнува во Украина, заклучи британскиот премиер.

To top